Конзорциум

Воена академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје

Воена академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје

Воената академија "Генерал Михаило Апостолски"-Скопје, придружен член на Универзитетот "Гоце Делчев"- Штип како единствена воена високообразовна и истражувачка институција во Република Македонија, има основна улога да спроведува истражувачка работа и да едуцира, обучува и квалификува кадри за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Системот за управување со кризи и Системот за заштита и спасување. Воената академија нуди универзитетски студии во три циклуси (дипломски студии, магистерски студии и специјализации и трет циклус (докторат)). Има докажано искуство како активен дел во проектите на ЕУ и НАТО и се најдобро позиционирани за координирање на односите со регионалните чинители и имаат достапност до крајните корисници и до корисниците.