Како да реагирате во случај на пожар ( за деца )

Оваа лекција се однесува на соодветна реакција во случај на пожар и самозаштита во случај на пожар. Одделно ќе разговараме за самозаштита во домот, ќе ги објасниме постапкитекон кои треба да се придржува лицето во случај кога може и во случај кога не може да го напушти домот. Исто така ќе разговараме за самозаштита во училиште и ученички дом ќе ги објасниме постапките кон кои треба да се придржува лицето во случај кога може и во случај кога не може да го напушти училиштето или ученичкиот дом. Посебно ќе ги објасниме постапките за самозаштита кон кои треба да се придржуваат децата, младите и лицата со попреченост во случај на шумски пожар. Постојат насоки кон кои тие трба да се придржуваат во зависност од реалната ситуација.
Видео на курсот
Содржина на курсот
Како да реагирате во случај на пожар
Вовед

Како да реагирате во случај на пожар во домот

Како да реагирате во случај на пожар во училиште

Нешто повеќе за пожарите – повик 112, апарати за гасење пожар, план за евакуација, детектори на чад, електрична енергија, цигари, свеќи и сл.

Чеклиста
ЗАШТИТА ОД ПОЖАР- ЗАШТИТА ОД ПОЖАР–ЗАШТИТА ОД ПОЖАР-ЗАШТИТА ОД ПОЖАР-ЗАШТИТА ОД ПОЖАР ПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР • Ако пожарот е мал (пример: гори завеса), обидете се да го изгаснете со апарат за гаснење пожар или со вода. • Ако пожарот е предизвикан од краток спој во електрична инсталација, не користете вода. • Во случај на пожар, не паничете, бидете присебни и размислете за начинот на кој би можеле да ја напуштите зградата.Евакуирајте се и веднаш јавете се на бројот за итни повици 112 • При евакуација, користете ги означените патеки за евакуација (ходници, скали, надворешни скали) • За време на евакуацијата затварајте ги вратите зад вас • Во случај да ви се запали облеката, застанете, легнете, покријте го лицето со дланките и тркалајте се додека огнот не се изгасне • Ако е зачадено, покријте ги устата и носот со крпа или облека,напуштете ја зградата движејќи се во наведната положба • Кога ќе излезете надвор и сте на безбедно место, јавете се на бројот за итни случаи 112, кажете ја адресата на пожарот, видот на зградата, информации за пожарот и дали има заробени луѓе, животни итн. • Ако сте заклучени во просторија, затворете ги пукнатините околу вратата со помош на ленти, влажни крпи или облека. Отворете ги прозорците и застанете покрај нив • Помогнете им на соучениците да се соберат. Слушајте го наставникот кој ќе ви даде инструкции дали да се евакуирате или да останете во училница • Ако се најдете во толпа, свиткајте ги рацете на лактите, вкрстете ги и навалете се наназад, полека обидете се да ослободите простор за движење • Превентивна мерка: ако се наоѓате во ученички дом, информирајте се патот на евакуација од вашата соба (правец на движење, ходници, скали, безбедно место надвор од зградата) НЕПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР • Ако пожарот се проширил на цела просторија, не обидувајте се да го изгаснете со апарат за гаснење пожар. • Ако пожарот е предизвикан од краток спој во електрична инсталација, не користете вода • Во случај на пожар не двоумете се: дали ќе го изгаснеме огнот и ако не успееметогаш ќе се јавиме на 112.Веднаш јавете се на бројот за итни повици 112. • За време на евакуација забрането e користење на лифтови. Ако облеката ви се запали, не трчајте. Ако вратата или нејзината рачка е жешка, ако излегува чад под или околу неа, не отворајте ја. Ова значи дека пожарот е во близина. • По напуштањето на зградата, не враќајте се за ништо. • При евакуација, не одделувајте се од колоната со ученици, не трчајте и користете ги ходниците и скалите кои не се зафатени од пожар. Ако се најдете во толпа луѓе, не обидувајте се да бидете во чекор со толпата, избегнувајте го притисокот од толпата • Во случај на шумски пожар, не треба да одите во спротивна насока од ветерот и директно до опасната област.
