Како да реагирате во случај на пожар

Оваа лекција се однесува на соодветна реакција во случај на пожар и самозаштита во случај на пожар. Одделно ќе разговараме за самозаштита во домот, ќе ги објасниме постапкитекон кои треба да се придржува лицето во случај кога може и во случај кога не може да го напушти домот.Исто така ќе разговараме за самозаштита во училиште и ученички дом ќе ги објасниме постапките кон кои треба да се придржува лицето во случај кога може и во случај кога не може да го напушти училиштето или ученичкиот дом.Посебно ќе ги објасниме постапките за самозаштита кон кои треба да се придржуваат децата, младите и лицата со попреченост во случај на шумски пожар. Постојат насоки кон кои тие трба да се придржуваат во зависност од реалната ситуација.На крајот, ќе им кажеме на децата, младите и лицата со попреченост нешто повеќе поврзано со пожарите: јавување на 112, противпожарни апарати, план за евакуација, детектори на чад, електрична енергија, цигари, свеќи и сл.
Видео на курсот
Содржина на курсот
Како да реагирате во случај на пожар
Вовед
Пожарот е неконтролирано горење на материи при што се загрозува животот и здравјето на луѓето, се загрозува природната средина и се нанесуваат материјални штети. Пожарот може да биде случаен, може да биде предизвикан од невнимание или намерно предизвикан заради саботажа или како резултат на пироманија.

Како да реагирате во случај на пожар во домот
Ако пожарот е мал, обидете се да го изгаснете со апарат за гаснење на пожар или со вода. Ако пожарот се должи на краток спој во електричната инсталација не користете вода. Чувајте ја присебноста, не паничете. За правилно постапување, потребно е прво да се евакуирате, а потоа веднаш да се јавите на бројот за итни повици 112. Напуштете ја зградата веднаш. Не застанувајте и користете го патот за евакуација (ходници, скали, надворешни скали). За време на евакуација, забрането е користење на лифт. За време на евакуација, затворете ја вратата зад вас. Ако облеката ви се запали - застанете, легнете, покријте го лицето со дланките и тркалајте се додека огнот не се изгасне. Ако е зачадено, покријте ги устата и носот со крпа или облека, напуштете ја зградата движејќи се во наведната положба. Јавете се на 112 Кажете кој се јавува Кажете ја адресата Информации за пожарот и дали има заробени луѓе, животни итн. По напуштањето на зградата, не враќајте се за ништо Користете ленти, влажни крпи или облека за да ги затворите сите пукнатини околу вратата. Отворете ги прозорците и застанете покрај нив.






Како да реагирате во случај на пожар во училиште
Пораката за евакуација на училиште може да се пренесе на повеќе начини: на рзаглас, со училишно ѕвоно, или од страна на вработен

Како да реагирате во случај на пожар на јавно место
Ако пожарот е мал, обидете се да го изгаснете со апарат за гаснење на пожар или со вода. Ако пожарот се должи на краток спој во електричната инсталација не користете вода. Ако не можете да го изгаснете огнот, не паничете. Обидете се да остенете смирени. Обидете се веднаш да ја напуштите зградата, следејќи ги знаците и патеките за евакуација означени на шемите за евакуација, вклучувајќи ходници, скали, надворешни скали. Никогаш не користете лифтови. Ако се најдете во лифт - излезете од него што е можно побрзо и користете ги скалите. Кога поминувате низ зачадена просторија, движете се ниско надолу, блиску до ѕидовите-таму концентрацијата на опасни гасови е најмала. Ставете влажна крпа на устата и носот, навлажнете ја облеката, покријте ги изложените делови од телото со влажни крпи. Ако облеката ви се запали - застанете. Легнете, покријте го лицето со дланките и тркалајте се додека огнот не се изгасне. Ако сте заглавени - свиткајте ги рацете на лактите, вкрстете ги и навалете се наназад, полека обидете се да ослободите простор за движење. По напуштање на зградата јавете се на бројот за итни случаи 112. Ако е невозможно да ја напуштите зградата, обидете се да се качите на платформата на покривот или да излезете на балконот, затворајќи ги вратите зад вас. Јавете се на 112 за да ја пријавите вашата локација. Ако сте заклучени во просторија, затворете ги пукнатините околу вратата со помош на ленти, влажни крпи или облека. Отворете ги прозорците и застанете покрај нив. Јавете се на 112 и пријавете ја вашата локација.






КАКО ДА РЕАГИРАТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ШУМСКИ ПОЖАР
Знаци на шумски пожар - чад, мирис на изгорен или пламен Напуштете ја областа на пожарот во спротивна насока од насоката на ветерот. Пијавете го пожарот на телефон 112 што е можно побрзо пријавете го пожарот во најблиското место или туристичка точка, шумарството или градското собрание.Ако имате информации за луѓе во близина на пожарот, нивниот живот зависи од вашата навремена и точна комуникацијa.

КАКО ДА РЕАГИРАТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР ВО УЧЕНИЧКИ ДОМ
Пред пожар: ако се наоѓате во ученички дом, информирајте се за патот на евакуација од вашата соба (правец на движење, ходници, скали, безбедно место надвор од зградата) Многу мал пожар: Обидете се да го изгаснете со апарат за гаснење пожар или вода. Ако пожарот се должи на краток спој на електрична енергија, не користете вода. Не паничете и размислете за начинот на напуштање на зградата. Излезете од зградата веднаш. Не застанувајте и користете патишта за евакуација (ходници, скали, надворешни скали). За време на евакуацијата, затворете ги вратите зад вас. Ако облеката ви се запали, не трчајте. Наместо тоа, застанете, легнете, покријте го лицето со дланките и тркалајте се додека огнот не се изгасне Кога сте безбедни, јавете се на 112 По напуштањето на зградата, не враќајте се за ништо. Ако сте заклучени во просторија, затворете ги пукнатините околу вратата со помош на ленти, влажни крпи или облека. Отворете ги прозорците и застанете покрај нив. Јавете се на бројот за итни повици 112 и ојаснете каде се наоѓате. Може да ставите и знак од надворешната страна на прозорецот за да ја означите вашата локација.





ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ (ОШТЕТЕН СЛУХ)
Многу мал пожар: Обидете се да го изгаснете со апарат за гаснење пожар или вода Ако не можете да го изгаснете огнот, не паничете, бидете присебни и размислете за начинот на кој би можеле да ја напуштите зградата. Правилна постапка е веднаш да се евакуирате. Напуштете ја зградата веднаш. Не застанувајте и користете патишта за евакуација (ходници, скали, надворешни скали). За време на евакуацијата, затворете ги вратите зад вас. Ако облеката ви се запали, не трчајте. Наместо тоа, застанете, легнете, покријте го лицето со дланките и тркалајте се додека огнот не се изгасне. Ако вратата или нејзината рачка е жешка, ако излезе чад под или околу неа, не отворајте ја. Ако се најдете во толпа, свиткајте ги рацете на лактите, вкрстете ги и навалете се наназад, полека обидете се да ослободите простор за движење.






НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПОЖАРИТЕ – ПОВИК 112, АПАРАТИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР, ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА, ДЕТЕКТОРИ НА ЧАД, ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЦИГАРИ, СВЕЌИ И СЛ.

Чеклиста
ЗАШТИТА ОД ПОЖАР- ЗАШТИТА ОД ПОЖАР–ЗАШТИТА ОД ПОЖАР-ЗАШТИТА ОД ПОЖАР-ЗАШТИТА ОД ПОЖАР ПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР • Ако пожарот е мал (пример: гори завеса), обидете се да го изгаснете со апарат за гаснење пожар или со вода. • Ако пожарот е предизвикан од краток спој во електрична инсталација, не користете вода. • Во случај на пожар, не паничете, бидете присебни и размислете за начинот на кој би можеле да ја напуштите зградата.Евакуирајте се и веднаш јавете се на бројот за итни повици 112 • При евакуација, користете ги означените патеки за евакуација (ходници, скали, надворешни скали) • За време на евакуацијата затварајте ги вратите зад вас • Во случај да ви се запали облеката, застанете, легнете, покријте го лицето со дланките и тркалајте се додека огнот не се изгасне • Ако е зачадено, покријте ги устата и носот со крпа или облека,напуштете ја зградата движејќи се во наведната положба • Кога ќе излезете надвор и сте на безбедно место, јавете се на бројот за итни случаи 112, кажете ја адресата на пожарот, видот на зградата, информации за пожарот и дали има заробени луѓе, животни итн. • Ако сте заклучени во просторија, затворете ги пукнатините околу вратата со помош на ленти, влажни крпи или облека. Отворете ги прозорците и застанете покрај нив • Помогнете им на соучениците да се соберат. Слушајте го наставникот кој ќе ви даде инструкции дали да се евакуирате или да останете во училница • Ако се најдете во толпа, свиткајте ги рацете на лактите, вкрстете ги и навалете се наназад, полека обидете се да ослободите простор за движење • Превентивна мерка: ако се наоѓате во ученички дом, информирајте се патот на евакуација од вашата соба (правец на движење, ходници, скали, безбедно место надвор од зградата) НЕПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР • Ако пожарот се проширил на цела просторија, не обидувајте се да го изгаснете со апарат за гаснење пожар. • Ако пожарот е предизвикан од краток спој во електрична инсталација, не користете вода • Во случај на пожар не двоумете се: дали ќе го изгаснеме огнот и ако не успееметогаш ќе се јавиме на 112.Веднаш јавете се на бројот за итни повици 112. • За време на евакуација забрането e користење на лифтови. Ако облеката ви се запали, не трчајте. Ако вратата или нејзината рачка е жешка, ако излегува чад под или околу неа, не отворајте ја. Ова значи дека пожарот е во близина. • По напуштањето на зградата, не враќајте се за ништо. • При евакуација, не одделувајте се од колоната со ученици, не трчајте и користете ги ходниците и скалите кои не се зафатени од пожар. Ако се најдете во толпа луѓе, не обидувајте се да бидете во чекор со толпата, избегнувајте го притисокот од толпата • Во случај на шумски пожар, не треба да одите во спротивна насока од ветерот и директно до опасната област.
